За денеска точно напладне е закажан нов протест пред Собранието.
Од „Ултиматум, не благодарам“ ги повикуваат граѓаните мирно и достоинствено да излезат на сенародниот протест против, како што велат, понижувачкиот предлог за Македонија.
-Масовно да излеземе и да кажеме НЕ за предлогот кој се прифаќаат сите бугарски услови. Власта е должна да го слуша гласот на народот кој е против ваков ултиматум со кој се бугаризираат македонскиот идентитет, јазик и историја. Да излеземе и достоинствено да кажеме „Ултиматум – Не благодарам“, велат од „Ултиматум, не благодарам“.
Инаку, денеска во 13:30 часот пред пратениците во Собранието ќе се најде францускиот предлог, а седницата беше закажана откако Владата до Парламентот испрати дел од документите поврзани со предлогот.
Половина час пред почетокот на оваа седница обраќање во законодавниот дом ќе има претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.