Суспензијата ќе го наруши производството на околу 20.000 возила, но нема да влијае на планираната годишна цел од девет милиони возила, соопшти најголемиот јапонски производител на автомобили.

„Тојота“ минатата недела соопшти дека предвидува поголем пад на производството на возила во Северна Америка во јануари, на 50.000 единици, поради проблеми со синџирот на снабдување.

Проблеми во синџирот на снабдување зафатија многу производители на автомобили низ светот, а особено снабдувањето со чипови и други електронски компоненти.