Обемот на продажба на „Тоjота мотор Европа“ (ТМЕ) од 284.506 возила во првото тримесечје ѝ го обезбеди на компанијата најдобриот пазарен удел досега од 7,6 отсто. Тоа претставува раст од еден отсто во однос на лани.
– Пазарот беше многу послаб отколку што очекувавме, но јас сум многу задоволен од нашите резултати во првиот квартал. Силата на нашите производи е помоќна од кога било, поттикната од клучните нови модели како „Јарис крос“, „Ајго X“ и електричниот теренец „БЗ-4-X“. Иако нашите банковни нарачки се на рекордно ниво, економските и политичките турбуленции во Европа, во комбинација со постојните недостатоци во синџирот на снабдување, имаат значително влијание на пазарот на автомобили, иако сѐ уште имаме за цел – раст, и оваа година, иако ги ревидиравме нашите првични прогнози за продажбата за 2022 година, изјави Мет Харисон, претседател и извршен директор на ТМЕ.
Нагорната линија во побарувачката за електрифицираната линија со ниско ниво на јаглерод на „Тојота“ и „Лексус“ продолжува, при што електромобилите се во раст од 78 отсто во Западна Европа и 69 отсто низ цела Европа воопшто.