Покрај собирањето на потписи за неговата кандидатура, денеска почна и собирањето на потписи за независната листа за членови на советот на Општина Дебрца.
Зоран Ногачески од 2013-2017 година е претседател на општинската организација СДСМ Дебрца. На локалните избори одржани на 15 октомври 2017 година, Зоран Ногачески е избран за градоначалник на Општина Дебрца, освојувајќи мнозинство гласови во првиот изборен круг од локалните избори 2017.