„Топ ган 2: Маверик“ (Top Gun: Maverick) ја мина границата од 800 милиони долари заработка на светско ниво, со што стана филм со најголем приход во кариерата на Том Круз.
Остварувањето со тоа го мина претходниот филмски хит на Круз, „Невозможна мисија: Последици“ од 2018 година, што заработи 791,1 милион долари ширум светот. Вкупниот приход на „Маверик“ во мигов изнесува 806,4 милиони долари, а сега има шанса да стане првиот филм со Круз во главната улога, во „клубот од милијарда долари“.
На продолжението на филмскиот хит „Топ ган“ од 1980-тите, обожавателите чекаа 36 години.