-Ова е највисоката температура некогаш регистрирана во Шпанија“, изјави портпаролот на АЕМЕТ, Рубен дел Кампо, истакнувајќи дека тоа се привремени податоци што ќе бидат потврдени во наредните денови.

Температурата, што беше регистрирана во саботата во 17 часот по локално време, е повисока од претходниот рекорд на истото место на 13 јули 2017 година – 46,9 степени Целзиусови.

Топлотниот бран што ја зафати Шпанија продолжува и оваа недела со температури во неколку провинции што се над 45 степени Целзиусови.