Топлотниот бран продолжува: Сонце, жештини и ветер низ целата држава

Денеска Македонија ја очекува вистински пеколен ден со претежно сончево и многу топло време. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека на запад ќе има повремено засилен ветер од југозападен правец. Во останатите делови ќе дува слаб до умерен ветер. Утринските температури ќе се движат помеѓу 13 и 21 степен, а дневните ќе достигнат од 35 до дури 42 Целзиусови степени.

Скопје на работ од црвениот метео аларм

И главниот град не е поштеден од екстремите – утрово температурите во Скопје ќе се движат околу 20 степени. Беќе во текот на денот се очекува максималната температура да порасне до 41 степен. Сончевото небо нема да нуди ни трошка милост за граѓаните.

Топлотниот бран кулминира во петок

Од УХМР најавуваат дека топлотниот бран што го зафаќа регионот ќе продолжи до сабота. Најжешко ќе биде во петок. Тогаш, дневните температури се очекува да достигнат меѓу 37 и 42 степени, што е далеку над просекот за овој период од јули.

Извор: СП