Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изјави дека нема да има милост за никого кој допринел во трагедијата во Кочани. Во интервју за телевизија Сител, Тошковски нагласи дека сите оние кои директно или индиректно биле инволвирани, вклучително министри, државни секретари, директори на институции и сопственици на правни лица, ќе одговараат за своите дејствија.

(ВИДЕО) Бектеши и екс директорот на пазарниот инспекторат спроведени на сослушување во ОЈО Кочани

 

„Секој кој учествувал во оваа ужасна трагедија, без оглед на позицијата, ќе одговара. Овој предмет ќе ги изненади и згрози граѓаните кога ќе дознаат сите детали“, изјави Тошковски.

Тој додаде дека осомничените вклучуваат лица кои биле задолжени за изготвување незаконска документација и кои, според него, довеле до оваа трагедија.

Министерот истакна дека процесот на истрага е во тек. Рече дека се собрани докази кои ја покажуваат сериозноста на ситуацијата. Според него, јавноста ќе биде шокирана кога ќе дознае за сумите на пари кои биле поврзани со незаконските активности.

„Корупцијата ја уништи Македонија и за тоа ќе има последици“, изјави Тошковски.

Извор: Курир