-Исполнети се сите критериуми согласно статутарните одредби и има повеќе од 2/3 од делегатите кои што се присутни во рамки на овој Конгрес, така да очекувам дека за кратко време ќе заврши гласањето и очекувам силна поддршка на сегашниот претседател проф. д-р. Христијан Мицкоски за избор на старо нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Панче Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ во вестите на МРТ.
Тошковски додаде дека силната верба и љубов во Македонија е она кое што го отсликува претседателот Христијан Мицкоски, досега, но и понатака исто така ќе остане. Мицкоски заедно со ВМРО-ДПМНЕ ќе стори се што е во можност да се има една нормална држава во која што пред се првин младите кои што и те како се отселуваат во последно време ќе останат овдека, да граѓаните имаат држава во која што ќе има владеење на правото, држава во која што ќе се овозможи еднаквост во рамките на целокупното општествено работење како во економијата така и во рамки на сите сфери кои што го опфаќаат општественото битување во рамки на Република Македонија.
-Христијан Мицкоски и те како покажа дека може да биде лидер кој што ќе обединува. Христијан Мицкоски и те како покажа може да биде лидер кој што може да создаде единство во партијата. Христијан Мицкоски во последните четири години покажа дека е оној кој што ги оствари целите заедно со партијата од аспект на нејзино обединување, укажа Тошковски.
Тошковски посочи дека тој е силно убеден дека Христијан Мицкоски во наредните четири години, за многу брзо ќе седне на премиерското столче и конечно ќе овозможи во оваа држава да се зборува за нормални работи, да се зборува за економски напредок, да се зборува за правда, да се зборува за сето она кое што го заслужуваат граѓаните на Република Македонија.