Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер.
„Средбата ја потврди блиската соработка и заедничката определба за јакнење на институциите и модернизација на системот, како темел за поуспешно справување со криминалот и корупцијата“, истакнува Тошковски.
Тој додава дека исто така, партнерството со САД ни носи силна поддршка за нашите реформи во МВР насочени кон професионална и ефикасна полиција, која ќе овозможи зголемена безбедност, правда и доверба кај граѓаните.