Министерството за внатрешни работи ги приведува сите кои на било каков начин се поврзани со организацијата на трагичниот настан во приватната дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде ноќеска изгореа 50 луѓе и имаше многу повредени. – дознава Радио Лидер од полициски извори.

Како што дознаваме, до сега се приведени десетици лица, кои биле поврзани со организирањето на концертот на ДНК во оваа приватна дискотека. На терен е и министерот Панче Тошковски, заедно со раководството на Министерството за внатрешни работи.

Најмалку 50 жртви има во големиот пожар што избувнал ноќеска во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на настап на популарна македонска група, на кој присуствувале 1500 посетители, дознава Плусинфо од полициски извори.

Порталот пишува дека глетката на местото на несреќата била стравична – на сите страни изгорени тела на млади луѓе. До пожарот најверојатно дошло поради употреба на пиротехнички средства. Во болницата во Кочани се примени десетици повредени лица.

Катастрофален и трагичен пожар се случи ноќеска околу 03.00 часот во Диско клубот Пулс во Кочани.Стравични сцени и драматична борба за спасување на повредени и преживеани се случуваше во раните утрински часови.Бројот на жртви засега никој него знае,се спомнуваат 20,50 и до 100 жртви.Во гаснењето на пожарот и спасување на младите пристигнаа против пожарни екипи од сите градови на околината,како и возила и медицински екипи.Се претпоставува дека оваа страшна трагедија која не е забележана во историјата на Кочани,се случила од светлосните ефекти во диското за време на концерт на групата ДНК.Повеќе информации во текот на утрешниот ден. – јавува Радио Кочани.

На социјалните мрежи се забележуваат апели за помош на Кочанската болница, која нема доволно капацитети да се справи со трагедија од ваков размер. Неофициално, очевидци ни сведочат дека најголем дел од загинатите се како резултат на стампедо.

До редакцијата на Радио Лидер пристигна и видео од настанот, кое ви го објавуваме во прилог.

Како што дознава Радио Лидер, покрај Тошковски, во Кочани е и премиерот Христијан Мицкоски.