Тошковски упати божиќна честитка за здравје, мир и заедништво по повод Божиќ
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски упати божиќна честитка до сите христијански верници, нагласувајќи ја важноста на мирот, солидарноста и заедништвото како темели на општеството.
Во пораката објавена по повод големиот христијански празник Божиќ, Тошковски изразува желби за лична и семејна благосостојба, но и повик за заеднички напори во градењето стабилна и безбедна држава.
„По повод големиот христијански празник Божиќ, упатувам искрени честитки до сите верници, со желби за здравје, мир и благосостојба во нивните семејства.
Нека духот на солидарност, човечност и заедништво биде водилка во нашите заеднички напори за стабилно, праведно и безбедно општество.“
