Македонија ќе ја добие првата жена претседател! Напиша на Фејсбук техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски.
Денеска на Конвенцијата за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија, во својство на делегат гласав за поддршка на проф. д-р Гордана Силјановска Давкова. Убеден сум дека професорката Силјановска ќе биде вистински претседател на државата кој ќе обединува, ќе се залага за владеење на правото како врвна цивилизациска придобивка и цврсто ќе ги брани државните интереси, истакна Тошковски.