Министерот на внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во посета на полициската станица „Беко“ во центарот на градот.

Ова саботно утро го искористив да го посетам пунктот „Беко“ каде што во моментов се обучува нова група на полициски службеници кои доброволно се вклучуваат во процесот на издавање на лични документи.

Искрена благодарност кон овие колеги кои на дело покажуваат дека си ја сакаат Македонија и се спремни да помогнат кога е најпотребно, стои во неговиот пост на Фејсбук.