Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети Отсекот за персонализација на лични документи во рамките на Оддел за информатика и телекомуникации на МВР каде се изработуваат личните документи.
Од страна на раководството и вработените во оваа организациска единица бев запознат со комплетниот процес на изработка на личните документи и заеднички разговаравме за преземање на определени мерки и активности насочени кон подобрување на овој процес и зголемување на капацитетот на изработка и испорака на документите, објави Тошковски.
Тој им се заблагодари вработените кои и покрај тоа што секојдневно се соочуваат со разни проблеми, вложуваат максимални напори за овој процес да тече непрекинато и со максимален капацитет.