Министерот Панче Тошковски по несреќата во Кочани со одлуки за разрешувања. Началници и командири ќе сносат одговорност за трагедијата во Кочани.

Се разрешуваат:

1. Началник на Сектор за внатрешни работи Штип
2. Помошник началник на СВР Штип
3. Началник на Одделение за полиција Штип
4. Началник на Одделение за криминалистичка полиција Штип
5. Началник на Одделение за внатрешни работи Кочани
6. Командир на Полициска станица од општа надлежност Кочани
7. Началник на Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани

Претходно, Мицкоски најави одговорност за сите без разлика на политичката партија. Се огласи и за градоначалникот на Кочани, вели дека ќе одговара ако се утврди вина кај него.

Ако вие пледирате дека тој е ВМРО па ние го штитиме, не, се лажете, никого нема да штитиме. Свети ВМРО да биде и јас да сум, родена сестра, брат да ми е, ќе одговара ако има било каква вина. Одговорност ќе има за сите, рече Мицкоски.

Во текот на денот повеќе детали на прес-конференција.