На 12.12.2023 во 05.30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на мост од река Пчиња, атар на с.Војник, општина Старо Нагоричане, товарно моторно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Т.(65) од с.Петралица, општина Ранковце удрило во В.Т.(87) од с.Војник, информира МВР.

Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.