– Да се биде кандидат за градоначалник на Општина Ресен од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е привилегија но и голема одговорност. Во периодот што измина јас заедно со кандидатите за советници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата посетивме повеќе делови на Преспа. Се соочивме со реалните проблеми на граѓаните на Преспа. Разговаравме со чесни и искрени луѓе кои навистина сакаат една понапредна и поуспешна и попросперитетна општина. Верувам дека тоа се постигнува со труд работа љубов и желба. Ресен и Преспа да чекорат само напред. Верувам дека јас и мојот тим сме луѓе кои застапуваат вистински вредности и сакаат перспективна и развиена општина. Општина која ќе се развива во сите сфери, истакна Тозиевски.
Тој откри и дел од неговата програма и проектите кои планира да ги спроведе како градоначалник со ставање на главен акцент на она што е бренд за Преспа, а тоа е преспанското јаболко со чие производство се занимаваат голем број на земјоделци од оваа општина.
Тозиевски истакна дека јаболкопроизводителите треба да си го добијат заслуженото и дека тоа ќе се постигне само доколку локалната самоуправа биде нивни партнер преку привлекување на инвеститори и отворање на нови центри за откуп и преработка на јаболкото.
– Јаболкопроизводителите треба да си го добијат заслуженото, локалната самоуправа да биде нивни партнер. Да се работи на привлекување на инвеститори, нови центри за откуп како и преработка на јаболкото. Програмата што ја нудиме за следните четири години нуди проекти кои се од приоритетно значење за Ресен и Преспа. Подобрување на локалните услови за водење на бизнис и претприемништво, како и потпомагање на малите и средни претпријатија. Ставање на располагање на градежното земјиште во сопственост на Република Македонија, промоција и осовременување на индустриските развојни зони „Преспатекс“ и „Макази“, Промоција на туристичките развојни зони Стење и Сирхан, финансирање на локални микро проекти, привлекување на странски инвестиции. Да го направиме Ресен „Smart City“ преку воведување на повеќе дигитални услуги. Ќе ја направиме нашата општина модерна и инфраструктурно поврзана преку решавање на проблемот со недостаток на паркинг места, асфалтирање на повеќе градски и селски улици, реконструкција на водоводната мрежа, решавање на недостатокот на вода за пиење, рече Тозиевски.