Кандидатот за градоначалник на Ресен Јован Тозиевски рече дека во програмата предвидува многу проекти кои ќе ја подобрат лошата слика во Преспа.

Ги вметнавме во топ десет проекти, јаболкото да влезе во системот на циркуларната економија на Република Македонија, да им овозможиме на сите што сакаат да изградат капацитети, за откуп и преработка на јаболко, на сите што сакаат да тргуваат со најубавото јаболко, да го направат тоа во Преспа, да ги мотивираме да излеземе и да побараме и нови партнери.

Да ги заборавиме овие грди слики, кои ги гледаме на преспанското крајбрежје и празното езеро, затоа сме покажале во минатото дека можеме да го изградиме, а сега за жал мораме да го оправаме, некој не се ни способни да го одржуваат тоа што е изградено, изјави Тозиевски.