Благодарам на моите сограѓани ресенчани затоа што оваа победа е наша заедничка победа, изјави за МИА, актуелниот и ново избран градоначалник на Општина Ресен, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Тозиевски.
-Благодарам и за поддршката на кандидатите за советници бидејќи според нашиот аналитички центар во наредниот период ќе имаме мнозинство во Советот на Општина Ресен, истакна Тозиевски и додаде дека веднаш ќе продолжат со тековните и нови проекти значајни за Преспа.