Кандидатот за градоначалник на Ресен, Јован Тозиевски преку видео порака ги повика граѓаните масовно да гласаат во недела.

-Почитувани сограѓани,

Ве повикувам во недела на 31-ти октомври, масовно да излезете да гласате, со цел слободно да ја изразите Вашата волја без притисоци и уцени, бидејќи Вие последни одлучувате, на кого, каде му е местото.

Јас Ви ветувам работа и труд, како и посветеност во текот на целиот мандат.

Ми претставуваше особена чест и задоволство што бев активен учесник во изминатиот период во изборната кампања за избор на градоначалник на општина Ресен.

Целокупната кампања беше изградена со позитивна енергија и позитивен пристап до граѓаните, како и политичка култура кон сите учесници во трката за избор на градоначалник на општина Ресен.

Водењето на позитивна кампања сметам дека е одлика на култура, чесност и достоинство во текот на целиот овој период.

Промените доаѓаат!

Излези и гласај!