Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски е едно од најпосакуваните заслувања на трансфер пазарот во Турција и за услугите на 29-годишникот се борат Фенербахче, Галатасарај и Трабзонспор, а овој последниот ќе го примамува Македонец со милионски договор, пишуваат турските медиуми.
Имено, клубот од Трабзон во обид да го доведе бекот во своите редови ја зголемил понудата за македонскиот репрезентативец на 1,2 милиони евра годишна плата, плус бонус од 500 илјади евра при потпис со клубот.