Пронајдено безживотно машко лице од Скопје

На 24 јули 2025 година, во 12:15 часот, во ОВР Струга било пријавено дека на струшкото крајбрежје на Охридското Езеро е забележано безживотно тело на машко лице. По пристигнување на надлежните служби и извршените проверки, било утврдено дека станува збор за И.Д. (55) од Скопје.

Нема траги на насилство, наредена обдукција

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција со цел утврдување на причините за смртта.