Синоќа голема трагедија го погоди македонскиот фудбал, откако почина 21-годишниот фудбалер Стефан Петровски.
Веста ја објави фудбалскиот клуб Новаци преку социјалните мрежи, но не откри повеќе детали.
„За ова не можам да најдам збор. Тага, очај, неверување… Збогум Паше, најди си мир на некое поубаво место за живот. На фудбалскиот терен секогаш ќе живееш“, објави ФК Новаци.
Петровски во минатото беше дел и од Академија Пандев и Пелистер.
„Изразуваме големо жалење и сочуство за фамилијата за прерано згаснатиот живот на фудбалерот Стефан Петровски кој настапуваше за ФК Новаци а имаше настапувано за АК Пандев и ФК Пелистер“, соопштија од Пелистер.