На 29.06.2021 во 23:20 часот во с.Ново Село, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.В.(30) од с.Мирковци, скопско, постапувајќи по претходна пријава дека околу 22:40 часот во с.Ново село, по претходна расправија, Н.В. со остар предмет му нанел повреда на П.Ш.(27) од Скопје.
П.Ш бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде им подлегнал на повредите.
Увид на местото на извршила екипа од СВР Скопје. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.