Од парасејлинг до трагедија: Вознемирувачко видео прикажува момент дека самата го одврзува појасот и паѓа од 50 метри!?
Тешка трагедија ја потресе Црна Гора, но и регионот. 19-годишна девојка од Србија загина вчера (28 мај) во Будва, откако падна во морето од голема височина додека практикувала парасејлинг, популарна туристичка активност во која лицето со падобран е прикачено за моторен чамец.
Според првичните информации, девојката Тијана Р. била на парасејлинг и на околу 50 метри височина кога паднала од падобранот. Првично се сметаше дека станува збор за технички дефект или дека ѝ се откачил безбедносниот појас, но подоцна на социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео на кое, наводно, се гледа како самата се одврзува пред да падне.
Се истражува дали станува збор за самоубиство
Медиумите и јавноста сега поставуваат прашања – дали станува збор за намерен чин, или за момент на паника. Дел од корисниците на социјалните мрежи веруваат дека Тијана можеби испаничила поради висината, додека други сметаат дека снимката покажува свесна одлука.
Веднаш по падот, девојката била пренесена со чамец до брегот, но екипите на брза помош само можеле да ја констатираат смртта.
Апел за внимание кон менталното здравје
Овој трагичен настан е потсетник дека менталното здравје не смее да се занемарува, особено кај младите. Стручњаци апелираат дека дури и наизглед спонтани или несфатливи одлуки можат да бидат последица на длабоки лични борби.
Изјава од таткото
Таткото на Тијана, за српскиот магазин Republika, накратко изјави:
„Вистина е, имаше несреќа. Моментално одам натаму. Не можам ништо повеќе да ви кажам, разберете“.
Извор: Телеграф