Автобус утрово се преврте на пат во близина на бугарско-турската граница во регионот Мало Трново, соопшти градоначалникот на Мало Трново, Илијан Јанчев за БТА.
Има најмалку двајца загинати, рече Јанчев.
Според него, автобусот застанал на патот поради недостиг на гориво, потоа се вратил назад и се превртел.
Сите повредени се извадени од автобусот. Десетмина од нив се однесени во Центарот за итна медицинска помош во Мало Трново, а шестмина со потешки повреди се префрлени во болниците во Бургас.
Полициски екипи се на местото на несреќата.
Инцидентот се случил во раните утрински часови, малку пред 7 часот во правец кон Турција.
Во автобусот имало 39 украински државјани – 37 патници и двајца возачи, соопшти Регионалната дирекција на Министерството за внатрешни работи во Бургас.
До момента шест души са транспортирани към здравни заведения в Бургас, а десет души са откарани в центъра на “Бърза помощ” в Малко Търново.https://t.co/THOULmx2Xa
— News Agency BGNES (@BGNES) April 22, 2026
