Во експлозија што се случи синоќа во 1.30 часот во зграда во малото гратче ССен Лоран-де-ла-Саланк во Франција, загинаа најмалку седум лица, меѓу кои и деца. Според локалните медиуми, евакуирани се 25 лица.
По експлозијата следел пожар кој се проширил на соседните згради.
🇫🇷 FLASH – Au moins 7 personnes sont mortes, dont 2 enfants, après une explosion dans un immeuble de Saint-Laurent-de-la-Salanque. (France Info/SDIS66) #PyrénéesOrientales pic.twitter.com/qmLhwhwua0
— Mediavenir (@Mediavenir) February 14, 2022
Локалната радио станица France Bleu наведува дека експлозијата се случила во приземјето на зградата, во продавница за храна
Во близина на зградата каде што се случила експлозијата биле пронајдени боци со плин, но се уште не е јасно дали тие биле причина за експлозијата.
🔴 Pyrénées-Orientales : sept morts, dont deux enfants, suite à une explosion dans un immeuble https://t.co/tgdgJUuejt pic.twitter.com/8hjGkHpU5r
— France Bleu (@francebleu) February 14, 2022
„Во експлозија проследена со пожар загинаа најмалку седум лица во департманот Источни Пиринеи. Го прекинувам патувањето до Монпелје за да отидам на местото на настанот. Давам целосна поддршка на мобилизираните државни служби и населението. Моите мисли се со жртвите и нивните семејства“, напиша министерот за внатрешни работи Џералд Дерманин на Твитер.
Une explosion suivie d’un incendie ont fait au moins 7 morts dans les Pyrénées-Orientales. J’interromps mon déplacement à Montpellier pour me rendre sur place. J’apporte tout mon soutien aux services de l’Etat mobilisés et aux habitants. Pensées aux victimes et à leurs proches.
— Gérald DARMANIN (@GDarmanin) February 14, 2022
Во текот на ноќта беа мобилизирани близу 100 пожарникари, а пожарот беше ставен под контрола во понеделник наутро.
Зградата во која се случила експлозијата се уште е во опасност.