Срцев удар по инцидентот со давење

Трагедија го потресе попладнето на вторник во Ханиоти, на грчкиот полуостров Халкидики. Деветнаесетгодишно момче од Македонија го загуби животот на централната плажа под сѐ уште неразјаснети околности. Како што објави локалниот портал halkidikinews.gr, случајот се случил додека младиот турист бил во морето, каде најверојатно се давел, а подоцна доживеал и срцев удар.

Напори за спасување – безуспешни

„Спасувачот веднаш реагираше и со помош на присутни пливачи успеа да го извади телото на младиот од водата. Веднаш започна со постапка за реанимација, користејќи автоматски надворешен дефибрилатор“, изјави волонтерот од Црвениот крст на Грција, Јоанис Т. Колокитас за локалните медиуми.

Иако Брзата помош пристигнала на местото за кратко време, натчовечките напори на медицинските лица и спасувачот, за жал, не резултирале со успех – младиот Македонец починал.

Со емотивна објава, на Фејсбук се огласи волонтерот спасувач: