Жена и дете кои биле сопатници во авотомобил, починале во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на регионалниот пат Крушево-Кривогаштани, на местото „Студена вода“.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера околу 17 часот, автомобил „алфа ромео“ со прилепска регистрација излетало надвор од коловозот. Со автомобилот управувал триесет и петгодишен жител на прилепското село Канатларци.
По несреќата во прилепската болница биле пренесени триесет и тригодшината жена, која починала во болница, а малолетниот сопатник, иако бил препратен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, починал при транспортот.
Возачот и уште двајца малолетни сопатници се здобиле со тешки повреди. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Крушево.