Вчера во 10.38 часот, во СВР Охрид пријавено е дека, 59-годишниот И.Х. од охридското село Лескоец, кој изведувал градежни работи на куќа во охридското село Рамне, паднал и починал, извести СВР Охрид.
Увид на местото на настанот извршија полициски екипи, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во одделот за судска медицина при Општата болница во Битола каде, е извршена обдукција, додаваат СВР Охрид.