Идентификувани жртвите на несреќата – животите ги загубија скопјани

Во тешка сообраќајна несреќа која се случи вчера попладне на крстосницата меѓу булеварите „Никола Карев“ и „8 Септември“ во Скопје, животите ги загубија двајца скопјани – мотоциклистот С.И. (47) и неговата сопатничка А.Н. (32).

ЗАГРИЖУВАЧКИ ПОДАТОЦИ: 457 загинати во сообраќајки во последните 3 години – итни мерки за безбедноста во сообраќајот

Мотоциклот удрил во бетонски столб – смрт на самото место

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, мотоцикл со скопски регистарски таблички излетал од коловозот и директно удрил во бетонски столб. Последиците биле фатални – и возачот и сопатничката починале на самото место од здобиените повреди. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Обдукција и истрага под водство на обвинителството

По несреќата, извршен е увид од страна на екипа на СВР Скопје и јавен обвинител. По наредба на обвинителството, телата на загинатите се предадени на Институтот за судска медицина за понатамошна обдукција. Истражните органи работат на утврдување на сите околности под кои дошло до трагедијата.

Извор: Курир