Словенечките пожарникари извлекoa дете без знаци на живот во населбата Свети Ловренц во градот Преболд од вжештен автомобил кој бил заклучен и оставен на сонце. Трагедијата се случила денеска, а детето во автомобилот го забележал случаен минувач.
И покрај брзата интервенција на случајните минувачи и укажаната прва помош, детето не можело да се спаси и починало на лице место, соопштија од Управата за заштита и спасување.
На местото на настанот брзо пристигнал спасувачки хеликоптер, но за жал ниту тоа не помогнало.
Националниот институт за јавно здравје на Словенија објави апел до родителите:
„Не оставајте деца во паркиран автомобил! Екстремните температури можат да бидат фатални. Никогаш не оставајте никого во затворен паркиран автомобил. Ниту една минута. Децата не треба да си играат во автомобилот. Чувајте ги клучевите и далечинските управувачи на безбедно. Пред да заминете автомобилот, отворете ја задната врата и проверете дали е детето во него“, наведуваат од Институтот.