Телата на татко и син се пронајдени денеска пред станбена зграда во Бор, а според првичните информации се работи за двојно самоубиство.
Како што јавуваат српските медиуми, М.Р. (61) и Д.Р. (37) имале голема расправија пред да се случи трагедијата.
Се претпоставува дека по кавгата, таткото и синот заедно скокнале од осумиот кат од зградата. Неофицијално, помош повикала мајката, односно сопругата.
Полициски екипи се на терен.