Несреќата се случила при движење наназад со земјоделска механизација
Во село Селенча во Србија се случи страшна трагедија, кога татко, управувајќи со трактор, ненамерно го прегазил своето едногодишно дете, кое починало на самото место. Според српскиот медиум Блиц, несреќата се случила додека мажот се движел наназад со тракторот, не забележувајќи дека неговото дете се наоѓа зад возилото.
Потврда од полицијата, истрага е во тек
Полицијата од Нови Сад ја потврди трагедијата и информираше дека е спроведена истрага на лице место. Според првичните информации, таткото се подготвувал да замине на нива со приклучена прскалка на тракторот. Во моментот кога детето се нашло зад задните тркала.
Локалните власти и социјалните служби се вклучени во понатамошната постапка по овој немил настан, кој го потресе целото село и јавноста во Србија.
Извор: Ало.рс