Две лица ги загубија животите откако излетале со трактор од локалниот пат од с.Трибичино кон с.Едрениково во струмичко.

Од МВР, информираат дека несреќата се случила околу 16:20 часот на место викано „Бресто“ кога трактор „ИМТ 533“, со струмички регистарски ознаки, управуван од З.С.(51) од с.Дабиле, излетал од патот.

-Од здобиените повреди на местото на несреќата починал З.С., а со повреди се здобил К.К.(74) од с.Владевци, кој бил пренесен во Медицински центар Струмица, каде подоцна им подлегнал на повредите.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.