Граѓанка на Молдавија (27) се удави денеска во морето кај Сутоморе, додека четири лица на возраст од околу триесет години успеале да допливаат до плажата, соопшти шефот на Управата за поморска безбедност и управување со пристаништа Жарко Лукшиќ.
Тој изјави дека несреќата се случила кога ветрот извлекол во морето група млади Молдавци од марината во Бар на штици.
Според неговите зборови, групата млади луѓе очајно се обидувале да стигнат до плажата Сутоморе, но големите бранови во тој момент не дозволиле никој да им помогне.
Тој рече дека спасиле три лица, а една жена се удавила на само дваесетина метри од брегот.
– Две лица на возраст од триесет години успеале да стигнат до плажата и брановите ги исфрлиле, но и покрај големиот ризик за екипажот на бродот и близината на карпите, другите двајца бранот ги превртел и ги фрлил на карпестиот брег. Стигнаа до плажата, но немаше начин да ја спасат жената – објасни Лукшиќ.
Тој изјави дека за останатите се погрижил Заводот за итна медицинска помош.
За настанот во 16 часот и 45 минути бил известен оперативниот центар на Управата за поморска безбедност и управување со пристаништа, а на местото на несреќата веднаш излегле припадници на Центарот за обезбедување Бар и Секторот за гранична полиција.
– Ваквите ситуации и авантуристичкото однесување во пракса доведува до последици од губење човечки животи и покрај јасните најави за доаѓање на лошо време и видливоста на огромните бранови кои голтаат се пред себе – истакнува Лукшиќ.