Пациентката со многу тешка клиничка слика е донесена на Инфективна клиника, откако 13 дена претходно била со симптоми на болеста.

Пред да биде болнички лекувана, пациентката имала тегоби 10 дена.

Според медицинскиот извештај, станува збор за исклучително тежок случај, со развиена тешка форма на болеста, пациентка е со обезитас.

Епидемиолошката анкета е позитивна односно, според кажувањата на таткото на пациентката нејзината мајка е почината со Ковид 19.