Страшна вест ја разбуди црногорската фудбалска јавност, пристигна вест дека починал црногорскиот репрезентативец Матија Шаркиќ.

Утринава околу 6 часот и 30 минути во Будва, на младиот човек, според порталот РТЦГ, му се слошило, неговите пријатели веднаш повикале брза помош, но тоа не го спасило младиот фудбалер.

Шаркиќ пред само десет дена ја воодушеви јавноста во Црна Гора со одличната одбрана на белгискиот играч. Црногорците беа среќни што се појави голман на кој долгорочно може да сметаат, но неговата прерана смрт ги растажи сите во нашето соседство.

Во моментов на терен се полицијата и надлежните органи кои ги истражуваат сите околности на оваа трагедија, но првите информации укажуваат дека најверојатно се работи за природна смрт, пишуваат медиумите во Црна Гора.