Светот и регионот во солидарност со Македонија по трагедијата во Кочани

Трагедијата во Кочани продолжува да биде главна вест по регионалните и светските медиуми. Глобалната заедница сочувствува со македонскиот народ во овие тажни моменти.

Светските медиуми со постојано известување

Би-Би-Си објави потресни сведоштва од преживеаните и семејствата на загинатите.
Асошијетед Прес континуирано известуваше за сите аспекти на трагедијата – од пожарот, преку истрагата, до погребната церемонија во Кочани и Штип.

Си-Ен-Ен, Би-Би-Си, Ал Џезира, Франс 24: Пожарот во Кочани главна вест низ светските медиуми

Светот стои со Македонија во овој тежок период.

Австралија во боите на Македонија

Националната галерија и плоштадот во Мелбурн осветлени во црвено-жолто во знак на почит кон настраданите.

„Нашите срца се во тешка и длабока тага. Државата Викторија стои заедно со македонската заедница“, стои во објавата на социјалните мрежи.

И градскиот совет на Перт ја осветли градската зграда во боите на македонското знаме во знак на сочувство.

(ФОТО) Австралија во боите на Македонија

Регионална поддршка и почит

На плоштадот во Софија, илјадници граѓани со едноминутно молчење им оддадоа почит на загинатите.
Во Благоевград, десетици жители доброволно даруваа крв за повредените кои се лекуваат во болниците во Бугарија.

Српските медиуми известуваат за најтажниот ден во Македонија, додека земјата се збогува со 59-те жртви.