Најголемата трагедија во државата е што Ковачевски Ахмети цело време викаат дека отвораат фронт за Европа и дека тие што ќе им се приклучат се за Европа, а другите против. Тоа е опасна и непродуктивна поделба, ги делите и партиите и граѓаните. Кај нас има консензус за ЕУ, но треба конкретни реформи, изјави за „За или против“ на Алфа, лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов.

Според него за овие години нема ниту една реформа почната или завршена во функција на имплементација на европските вредности.

– Најголема реформа е што без претходна реформа што без претходна расправа, дискусија, без политички консензус се прифати францускиот предлог, преговарачката рамка. Сега сите се насочуваат кон темата уставни измени. Дали имаат подготвено амандмани за тоа? Нема. Дали владата има направено анализа што ако се внесат Бугарите во устав, позитивни или негативни. Има информации дека Бугарија прави такви анализи. Кои проблеми ќе се отворат? Партиципација на застапеност во институции и така натаму. Тие што лекомислено прифаќаат, а имплементацијата тешко ќе оди, изјави Трајанов.

Трајанов прашува кој ги тераше да прифатат договор со Бугарија каде ќе стои заедничка историја или да се формира комисија за историски и образовни прашања и секоја година да се подготвува протокол

– Сите тие прашања влегоа во историската рамка и сега будалаштина класична е дека не преговарале со Бугарија. Па не преговарате бидејќи Бугарија нивните барања ги вгради во преговарачката рамка. Сега е полошо. Мислам дека тие околу Ковачевски, го насочија дека СДСМ и ДУИ треба да имаат монопол на целиот процес, истакна Трајанов.

Според него мора да има реципроцитет и за него власта треба да се бори, да бара поддршка од ЕУ, САД.