Во вечерашната емисија „Само Вистина“, Павле Трајанов се осврна на темите: Ќе расте ли Парламентарното мнозинство или широка Влада е на повидок? Зошто Кастриот Реџепи во последен миг ја „промени“ страната? Има ли опозицијата „бек-ап“ варијанта за ново мнозинство? Дали третата среќа на изборите во Бугарија, ќе биде прва за Македонија?
Сега сме 12 политички партии што претходно сме соработувале со ВМРО-ДПМНЕ, а сега сме со СДСМ. Како што се движат процесите, мислам дека дел од овие сега многу брзо ќе се престројат и ќе одат на друга страна, рече Трајанов во „Само вистина“.