–Во однос на капиталните инвестиции, не е овде министерот, меѓутоа треба да си поднесе оставка, реформата на министерот беше дека тоа што нема да се искористи од капиталните инвестиции ќе се трансферира по автоматизам на други места. Го погледнав добро сајтот на министерството за финансии, никаде нема реализација над 50 проценти капитални инвестиции во ниту една институција. Нема од каде, каде, да се префрлат тие пари. Едноставно ова законско решение, оваа поромоција на политиките на министерството за финансии само детерминира дека ниту премиерот, ниту министрите си ја вршат својата работа. Се ги интрересира, само не ги интересирааат капиталните инвестиции, истакна Трајанов.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека капитални инвестиции нема, а власта оставила само долгови кои треба да ги плаќаат идните генерации на Република Македонија.

-Околу капиталните инвестиции ќе се задржам на автопатиштата. Намалени средства и тие мали средства се катастрофално пласирани, а последниот закон за автопатишта не сакам ниту да го коментирам. Околу цените на патиштата 2 до 3 милиони евра им е еден километар, планински тешки услови 8 до 10 милиони евра максимум со мостови со се, тоа што вие инвестирате и правите репрограм на нови пари во автопатот Охрид-Кичево тоа е чист криминал. Тоа пат во моментот чини на 10, 5 милиони евра по килиометар, 600 милиони евра за 57 километри пат, тоа е чист грабеж. Заначи и тие пари кои што требаше да ги инвестирате во капитални инвестиции се промашени. Промашени се затоа што иако патот почна 2014, 2021 година сме, 7 години абер нема да се изгради. Се искршија возила се уништи економија во регионот. За жал оваа влада не направи ништо, остава само долгови кои треба да ги плаќаат идните генерации, заклучи Трајанов.