Ги соопштивме причините за излез од власт на прес конференција. СДСМ ги прифати нашите приоритети кога одевме на избори. Еве меѓу приоритетите беше да имаме борба против корупција, а криминалот разорно и деструктивно дејствува во државата, Македонија и натаму се криминализира. Видовме дека ниту еден чекор за борба против корупцијата, изјави претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов за „За или против“ на Алфа.
Тој посочи дека имале и предлози за реформи во правосудниот систем, како да започнат, истите и да не бидат како партиските документи што ги подготвуваат некакви совети за реформи по 100 страници слични на документите на Сојуз на комунисти кои никогаш не биле имплементирани.
– Баравме ревизија на работата на судии, имаме некредибилен судски систем. Имаме закон за преиспитување на монтирани случаи, имаше ветувања и од тоа ништо. Шарена револуција беше со слоган „нема правда нема мир“, а од тоа ништо нема. Дел од тие што протестираа се разочарани, рече Трајанов.
Додаде дека имало и предлози за младите но ништо не е направено за нив.
– И ред други не се прифатија. Имавме стратешки разлики со СДСМ. Апсолутно за овие години нема ниту една реформа. Направија само без претходна расправа и соработка со опозицијата, да го прифатат францускиот предлог, истакна Трајанов.