Лидерот на Демократски сојуз Павле Трајанов, реагира дека на пратениците им било најавено дека ќе се вакцинираат со Фајзер, а сепак денеска во салата Борис Трајковски пратениците се вакцинираат со Спутник.

-Не може од Фејсбук да се гради политика. Ако некој напише дека пратениците се привилегирани и ќе се вакцинираат со „Фајзер“ и сега менува министерот на Спутник. Тоа е крајно катастрофална и неодговорна ситуација. Едно беше најавата, сосема друго излезе во пракса.Сите се практично вознемирени бидејќи испадна класична замена, да не кажам превара, сподели Трајанов на фејсбук.

Денеска во А1 СЦ Борис Трајковски се вакцинираат пратениците.

Министерот за здравство информираше дека е направен распоред на вакцините

-Пристигнатите Фајзер вакцини од кои 5.000 ќе бидат додадени на оние од Астра Зенека на пунктовите низ државата. Во текот на месец мај очекуваме и дополнителни 26.000 дози од овој производител според распоредот кој го добивме од компанијата во текот на денешниот ден, рече Венко Филипче.