Коалицискиот партнер на владата СДСМ, претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов во вечерашното гостување во емисијата Само вистина, рече дека владејачкото мнозинство на СДСМ и ДУИ го кочат Законот за една изборна единица.
-Законот за една изборна единица го кочи претседателот на парламентот односно СДСМ и ДУИ. Не сакаат да има една изборна единица, не сакаат да има промена на власта, вели тој.
Трајанов додаде дека има информации и за пописот, но претседателот на собранието не ја отвора седницата за дискусија на пописот, кој беше спорен.