Националниот координатор за борба против тероризмот Павле Трајанов, по промената на власта во соседна Србија, гледа можност за повторно иницирање за враќање на досијеата на УДБА.
Тој смета дека би требало од Белград повторно да се побараат информации за атентатот на претседателот Киро Глигоров, бидејќи, како што вели, после убиството на поранешениот српски премиер Зоран Џинџиќ, лично тој иницирал да се побараат информации, но според неговите информации, српските власти тогаш не биле заинтересирани да споделат било какви податоци.
„Ова е добра можност, при промената на власт, бидејќи во суштина има континуитет на владеење во Србија долги години, да се покрене тоа прашање, не само за информациите за обидот за атентат на Киро Глигоров, туку во целина“, посочи Трајанов во гостувањето на ТВ Сител.
Воедно, тој вели дека е можно Хрватска и Словенија исто така да ги бараат своите досиеја и тоа да биде услов за патот на Србија кон Брисел.
