Интезивно работиме на реализација на проектите кој ќе обезбедат брз и сигурен пристап од и до населените места кои гравитираат долж автопатот Кичево – Охрид, истакна Коце Трајановски, директор на ЈПДП.
-Денес се започна со поставување на бетонските греди на натпатникот кај Подмоље,планот e до крајот на следниот месец комлетно натпатникот биде ставен во функција. За многу скоро од денес ќе се вози по новата автопатска делница од селото Клименштани до Охрид или целосно како автопатско решение ќе бидат ставени во функција дел од делница 4 и комплетно делница 5, посочи тој.
