ВМРО-ДПМНЕ се грижи за општественото добро и ќе изгради силни и развиени европски општини.

-Локалниот економски и регионален развој на општините се едни од фундаментите на европскиот развој, финансиски стабилни, силни и развиени општини и региони се она кон кое тежнее секоја европска држава, но за жал во Република Македонија во 91-та година згаснаа општините им се земаа ингеренции и тие се претворија во помалку од местни заедници, општините кои до 91-та година носеа законски акти и се сведоа на една едноставна единица на управување, ќе напоменам дека тоа го направи Социјалдемократскиот сојуз, а во Градот Скопје ги одземаа аптеките, Градскиот трговски центар, Топлификација, ПУИК со над 15 илјади станови, дури и гробиштата се приватизираа, а сето тоа заради политиките на тогашната власт се’ отиде во приватни раце, истакна Трајановски.

Трајановски посочи дека сето тоа во минатото било во рацете на Градот Скопје, а кога СДСМ дојде на власт во 2002 година го зголеми ДДВ-то на јавните претпријатија од 5% на 18%, а со тоа поради политиките на СДСМ јавните претпријатија потонаа во долгови.

СДСМ ветуваше дека ќе даде доволно блок дотации за функционирање на училиштата и градинките, како и дека ќе и вратат долговите на училиштата и градинките, но ништо од тоа не се случи, вели Трајановски.

Тој посочи исто така дека исто како и во минатото и сега власта не се грижи за она што значи општествено добро.

Трајановски порача дека ВМРО-ДПМНЕ на власт се грижи за стабилни и финансиски самостојни општини, како и во минатото така и во иднина ќе допридонесе за развиени општини и грижа за граѓаните и нивните реални потреби.