Претходната клевета беше кога Шилегов ја покачи цената на водата воведувајќи нова давачка за одржување на зеленило. Тогаш изјави дека само ја спроведува одлуката на Коцe. Но, времето покажа дека дека тоа е лага и клевета, вели поранешниот градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски.

-Додека бев градоначалник имав постојана и непосредна соработка со синдикатот на пожарникарите и со пожарникарите. Благодарение на таа соработка уште во 2010г. им ја покачивме платата за 10% а потоа уште еднаш за 5% но и тоа не беше доволно.

Затоа заедно со синдикатот на пожарникарите изготвивме измени на законот за пожарникарство и донесовме нов Колективен договор меѓу синдикатот и градот Скопје. Тоа создаде услови за пожарникарите да ја добијат потребната плата што им следува.

Со доаѓањето на П. Шилегов голем дел од пожарникарите своите права за плата ги добиваа по судски пат.

Правилникот кој е изготвен од градот Скопје е едностран акт ( донесен без консултација на синдикатот ) кој не ги решава проблемите на пожарникарите во целост и не ја добиваат потребната плата.

Затоа престанете да клеветите и обвинувате. Престанете да ја дефокусирате јавноста туку гледајте како навремено да го организирате и да го ставите во мобилна состојба Штабот за заштита и спасување на град Скопје и навремено да се справите со пожарите.

Она што треба да им го објасните на граѓаните на град Скопје е како набавивте скала која е скоро дупло поскапа од истата скала која ја набави град Загреб. Запомнете не ја спориме набавката на скалата туку цената која скопјани ја платија, пишува Трајановски на Фејсбук.